Министерката за култура е натрапник во министерството, порачаа денеска струмичките актери од плоштадот Гоце Делчев. Наместо да го слават Светскиот ден на театарот, актерите денеска низ протестен перформанс ја прикажаа, како што велат, гротескноста на културата и институциите во државата.
Културата надвор, внатре партијата. Оваа беше една од пораките со коишто протестираа актерите, но и нивни поддржувачи. Рекоа дека Министерството за култура не ги навредило само кандидатите и културните работници, туку сите граѓани со тоа што одлуките, според нив, се под влијание на владејачките партии а не на компетентноста.
Сузана Мицева