Илјадници граѓани од земјава утрово заминаа во Србија да се вакцинираат против Ковид-19. На граничкиот премин Табановце уште рано утрото имаше колони возила. Пуштени беа и дополнителни ленти за да се намали метежот на границата.
Српските здравствени власти ги отворија вратите за граѓаните од регионот. Вакцинацијата продолжува и во следните денови, а засега се одвива со вакцината на Астра Зенека. Од Ниш каде се вакцинираше бизнис заедницата, но и граѓани кои аплицирале за вакцинација во овој српски град, беше колегата Петар Догов.