Денес на Инфективната Клиника во Скопје, им подлегна на последиците од Ковид-19 проф. д-р Предраг Кировски – невропсихијатар и редовен професор на Медицинскиот Факултет во Скопје. Беше и форензичар во склоп на факултетот, а воено беше и предавач на Академијата за јавни обвинители и судии. Проф. д-р. Кировски беше долгогодишен директор на Болницата за нервни и душевни заболувања во Бардовци. Автор е на бројни трудови од областа на психијатријата и форензичката психијатрија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.