Македонија

Постигнат договор за деблокада на Собранието

По неколкучасовни преговори и координации со посредство на премиерот Заев , власта и опозицијата постигнаа договор за законите од петиот сет антикризни мерки. Вмро Дпмне предложи, а СДСМ прифати, да се повлечат сите останати точки кои се на дневен ред на 36-та седница. Законите за финасиска помош на поединци, работодавачи и стопанството ќе се носат по скратена постапка. На истата седница ќе се потврди и Одлуката за продолжувањ ена кризната состојба.

Иако претпладнево  собранискиот спикер Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека не разговара со некој кој има ултиматуми и нема намера  да отвори друга седница, по еден час се случи спротивното.

СДСМ изрази жалење што поради двајца пратеници заболени од Ковид не можеле да се донесат законите кои се од интерес за професионалните војници и здраствените работници.

Предлог законите од петиот пакет мерки ќе се разгледуваат во матичните комисии.И покрај фактот што Алијанса-Алтернатива најавија дека со амандмани ќе ги блокираат законите , комисиската расправа може да трае најмногу три дена а потоа законите одат на усвојување на пленарна седница.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Изгоре автобус на ЈСП

Дејан Дејан

Костадинов го замрзна членството во СДСМ откако Филипче го извиси за Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе