Фронтален напад на дел од бугарските европартеници во Европскиот парламент на сметка на Македонија и амандманот предложен од социјалистите и зелените во Парламентот на Резолуцијата за земјава со кој се бара Бугарија да се воздржи од провокативните изјави кон Македонија за исторските прашања.
„Проблемот не е културно-историски туку фундаментланите права како правото на слободно иразување при што е прекршено мправото на повеќе од 130.000 граѓани кои имаат бугарски корени во Северна Македонија. Односно бугарската заендица која го создавала мнозинството пре Тито да дојде на власт“, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Тие исто продолжуваат и со фалсификат на бугарското културно наследство. Господине Ќучук, господине Вархеи тоа е криминал, не е спор за историјата. Јазикот кој го зборуваат не е макеондски, тоа е јазик на омраза“, порача Александар Александров Јорданов, европратеник од Бугарија.
Пред европратениците да го изнесат својот став за Резолуцијата и амндманите известувачот за Македонија во Европскиот парламент европартеник Илхан Ќучук ја презентираше Резолуцијата за земјава, а потоа и одржа прес-конференција при што порача дека Македонија не смее да запре со реформите.
„Во одредени области како што се борбата против организиранито криманал, борбата против корупцијата, слободата на изразувањето потребни се уште реформи“, рече Ќучук.
Тој испари и порака до власта и опозицијата за нивната одговорност за проевропскиот пат на земјата, повикувајќи ги политички партии да останат констурктивни и да се воздржат од националистичка и потпалувачка реторика.
„Ги повикувам и опозицјата и власта да ја продолжат своојата сила посветеност кога станува збор за европската агенда. Бидејќи проширувањето не е кој е на владата, туку има специфична улога улога на критичар за политичките партии во опозицијата“, рече Ќучук.
Слична порака за реформите настапи и еврокомесарот Оливер Вархеи, а на иста линија и о ист речник како известувачот натсапи и по прашањето на блокадата на Бугарија за Македонија за старт на преговорите, изразувајќи надеж дека уште за време на португалското претседателство Макеоднија ќе ги заппочне преговорите.
„Во ваков клучен момент ги охрабрувам и Скопје и Софија да ги удвојат напорите да најдат вземно прифатливо решени за отворените прашња. Би сакал да ги охрабрам сите страни да дејствуваат на конструктивен начин и да се воздражт од сите изјави и активности кои можат да подкопаат пошироките интереси на ЕУ“, рече Вархеи.
Во дебатат која следеше по излагањата на Ќучук и Вархеи во делот за Македонија бугарските европратеници ги вкрстија копјата со колегите кои сметаа дека блокадата на Бугарија на Макеоднија го блокира пристапувањето на целиот Западне Балкан.
„Бугарското вето за Северна Македонија е неодговорно. Едностран интерес и изборниот календар немаат ништо заедничко со исполнетите критериумите од страна на земјите-членки и затоа Бугарија мора да го повлече своето вето“, рече европратеничката од Словенија Тања Фајон.
Резултатите од гласањето за амндманите, во кои освен осудата за однесувањето на Бугариија има и амндмани во кои се бара Македонија да не ги дискриминира бугарското малцинство во земјава, но и за самата Реозлуцијата, кое поради пандемијата со ковид се одвиваат по електоронски пат ќе бидат соопштени во 19 часот.
Тамара Грнчароска