Економија Македонија

Доцнењето на усвојувањето на 5-тиот пакет мерки е закана за бран отпуштени работници

Штип, Прилеп и Кочани, како текстилни градови од април ќе се соочат со бран на отпуштени работници.

Доцнењето на петтиот пакет на мерки ќе биде причина  50 % од работниците да си заминат дома, а на дел од фабриките да се стави клуч, алармира бизнис заедницата.
Неколку месечниот локдаун во Германија нанесе удар на оваа индустрија. Договори се раскинуваат, а остануваат да работат на помали нарачки.
Кристина Ампева од “Гласен Текстилец” се согласува дека состојбата во текстилниот сектор не е розова. Битката е да се зачуват работните места, станува збор за човечки судбини, а не за бројки.

-Пратениците и од опозицијата и позицијата да престанат со политичките калкулации и да го изгласаат петтиот пакет на мерки. Со цел да се спасат работните места во оваа индустрија, вели Кристина Ампева од “Гласен Текстилец”

Истражувањето на невладината ЗМАИ, кои Телма ги објави пред еден месец покажа дека поради корона кризата лани се изгубиле 6.800 работни места во кожарството и текстилството.

Еснафските здруженија очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките од традиционалните партнери.

Црното сценарио најмногу ќе го погоди истокот бидејќи дури 40 % од текстилните и кожарските фабрики се лоцирани во овој регион.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе