Вести Македонија Најважни

Во Швајцарија, Германија и Италија попишани 95 илјади лица од вкупно 137 илјади во светот

Последната бројка на самопопишани лица во дијаспората изнесува 137.114 и темпото забележливо се зголемува, беше речено на прес-конференцијата во Владата. Притоа беа соопштени податоци за неколку покарактеристични земји – во Швајцарија се самопопишаа над 45.000, во Германија 31.000, во Италија околу 19.000, а темпото е забрзано во САД со околу 5.100 лица, Австралија со 1.682 и Канада со 1.215 самопопишани лица од дијаспората.

На прес – конференцијата беше соопштено дека е пополнет број на пријавени лица како попишувачи.

„За спроведување на теренскиот дел беа потребни 5.055 попишувачи и 550 реонски инструктори. На конкурсите се пријавија над 10.000 граѓани, обезбеден е потребниот број за почнување на пописните активности и за распределба на сите пописни кругови. Во тек е селекцијата на пријавените на последниот конкурс за попишувачи, од нив во 30 реони веќе се избрани и се подготвуваат договори. До утре ќе бидат објавени, а денеска почнува обуката на реонските инструктори, која ќе трае до петок, а тие од недела ќе ги обучуваат попишувачите“ рече портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Тој нагласи дека податоците од пописот се доверливи и заштитени според највисоките стандарди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе