Вести Економија

Пандемијата удри врз работничките права во текстилниот сектор

Пандемијата ги уназади работничките права на текстилните работнички. Нема напредок, а од март лани, па досега Гласен Текстилец на 112 хронично болни, мајки на децата до 10 години и на бремени жени им обзебеди бесплатна правна помош. Три случаи завршија на суд, а бремената работничка од Куманово,  ја имаше првата кривична пресуда во нејзина полза. Иако уредбите биле јасни за време на вонредната состојба, детектирани се низа на прекршување на правата на текстилните работнички.

15 -те државни трудови инспектори за истокот реагирале на претсавките на работничките и сметаат дека голем дел ги вратиле на работните места. Во првите два месеци од годинава имале околу 60 претставки, за неисплата на К 15,  минимална плата, или нејзини кратење. Месецов веќе имаат намален број на  претставки.

Според Ампева решенијата за унапредување на работничките парва во текстилниот сектор ги гледа во зајакнување на контролите од страна на инспекторите, Комисијата за заштита и спречување на дискриминација да се стави во функција, а најважно е самите работнички да се спротистават и да ги пријавуваат прекршувањата на нивните права.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе