Спорт Фудбал

Ибраими и Ашковски повикани во националниот тим

Во пресрет на почетокот на подготовките за првите три натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство, селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски реши да повика двајца нови фудбалери.

На националниот тим ќе му се приклучат Агим Ибраими, кој го носи дресот на Кукс и Стефан Ашковски кој настапува за романскиот прволигаш Ботошани.

Двајцата фудбалери ќе ги заземат местата на Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов, кои при тестирањето во своите клубови имаат позитивни резултати на инфекција со коронавирусот додека Иван Тричковски не може да настапи поради повреда.

Собирот на репрезентативците е утре во Скопје, а во попладневните часови нашите фудбалери ќе го одржат и првиот тренинг.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе