Култура

„Уметноста на досадата“ групна изложба на македонски уметници во резиденцијата на ЕУ

„Уметноста на досадата“ е насловена групната изложба на 11 македонски уметници во градината на актуелната резиденција на ЕУ. Изложбата е отворена за сите посетители и бесплатна до 31 мај, во исто време таа е и продажна како начин да им се помогне на уметниците да ја подобрат својата егзистенција во време на пандемија.

Резиденцијата на Европската Унија ги отвори вратите на својата градина за единаесет македонски уметници кои со своите дела ја загатнуваат изолацијата во време на пандемија и чувството на здодевност и монотонија кои многумина на различен начин ја доживуваат и со истата се соочуваат.

-Разигран начин да се зборува за нешто многу сериозно. За време на пандемијата мислам дека сите сме свесни дека различни групи на луѓе беа на различен начин погодени. Меѓутоа уметниците, ликовните уметници беа меѓу најпогодените, лишени од жива публика и економски погодени. Изложбата е бесплатна и отворена за сите до 31 мај, само треба да се регистрирате онлајн на Europa House со почитување на сите здравствени протоколи при посетата- Дејвид Гир, амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија. 

-Со пандемијата дојде отуѓувањето еден од друг, стравот, здодевноста, монотонијата, но во исто време и креативноста, визијата, вештината и волјата за создавање. Токму уметниците со своите идеи и енергија успеваат да ги претворат болката, траурноста и сивилото на нашето секојдневие во прекрасни уметнички дела – Стево Пендаровски, претседател на РСМ. 

-Уметноста ја има моќта да зборува за визиите, за опстанокот, каде сме и каде одиме, за деструкцијата. Можеби сакаме нешто да здробиме, да уништиме, меѓутоа она што го здробивме сепак повторно да го создадеме – Дијана Томиќ – Радевска, куратор на изложбата.

Делата на 11 македонски уметници ќе бидата изложени во градината на резиденцијата на ЕУ до 31 мај. Станува збор за изложба која е отворена и бесплатна за посетителите, со онлајн регистрација и почитување на сите здравствени протоколи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе