Економија

Прилепскиот Тутунски комбинат ќе отлупи 700 од 1.500 тони тутун од ланската реколта

Прилепскиот Тутунски комбинат, кој е во доминантна сопсвеност на држвата  ќе преземе 700  од 1500 тони тутун од ланската реколта, за кои земјоделците немаат склучени догвори со ниту една  компанија.  За тоа Тутнски од државата ќе добие и финансиска помош. Комбинатот ќе ги преземе  и 455 тони кои требаше да ги откупи Далија Табак, но оваа  компанија не ги обезбеди потребните средстав за реалзиација на 785 склучени договори со тутунопроизводителите.

Како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.  Владата ги задолжи заменик-претседателот за економски прашања,  министерот за земјоделство  и министерот за финансии во рок од 15 дена од КОВИД  програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година., се наведува во соопштението од Влдата.

Остатокот од 600 тони вишок го преземаат неколку други откупни претпријатија. Откупот започна во средата со отворање на откупните пунктови во Прилеп, Долнени, Крушево и Радовиш.  Но, од Иницијативниот одбор на тутнопроизводителите за Телма велат  дека не се задоволни од откупните цени, затоа што тутунот се откупува во трета и четврта класа, а просечната цена  е од 80 до 90 денари. Дел го предваат, а дел велат дека ќе го чуваат за следната реколта.

Лани беа  произведени 21 илјади тони тутун и  4000 тони без склучени договори.  Неоткупени останаа  1500 тони од вишокот, поради што во Собранието се направени зимени во  законот за да се пролонгира откупниот рок  до 31 март.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Владата ќе стимулира млади брачни парови да се станат градинари и фармери, но земјоделците не гледаат перспектива во аграрот

Дејан Дејан

Се чекаат понудите за брзата пруга Табановце – Гевгелија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе