Откажан е вонредниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ. Иницијативниот одбор за негово свикување објави дека, заради влошената епидемиолошка состојба и заради доцнењето со техничките подготовки, Конгресот најавен за 28-ми март – нема да се одржи. Новиот термин се уште не е утврден.
Овој вонреден конгрес го најавија поранешни функционери од ВМРО ДПМНЕ, незадоволни од лидерот Христијан Мицкоски. Побараа тој да даде отчет пред делегатите од последниот конгрес, кои го избраа за наследник на Никола Груевски. Минатиот месец, Иницијативниот одбор го промовираше слоганот „Сплотени за победа“, праќајќи сигнали дека партијата треба да се обедини и да ги надмине внатрешните несогласувања.
Централниот комитет на партијата ја отфрли оваа иницијатива и закажа редовен конгрес со нови делегати во ноември.