Ковид19 Најважни Свет

Ковид сценариото од Бергамо се повторува на Балканот

Не стивнуваат бројките на заразени од корона вирусот во земјите од регионот. Здравствените власти во Бугарија утринава јавија за над две илјади хоспитализирани само во Софија. Докторите се на работ на издржливост, бараа ригорозни мерки, кои од понеделник ќе ги добијат. На две недели од парламентарните избори, земјата оди во 10-дневен карантин, нема да работи ништо. Непочитувањето на мерките ја доведоа земјата да е на девето место во ЕУ по инциденцата на заразени, а трета на Балканот. Бројот на заболени за само една недела се зголемил за 40%.

Врз основа на сите медицински екпертизи, многу внимателно ги ислушав и двата штаба. Мислам дека ќе треба да се воведат построги мерки, бидејќи оние кои ги имаме сега , како најлиберални, не се почитуваат. Има многу луѓе кои едноставно си поигруваат со маските. Сите се навикнавме да зборуваме „гледате како е во Европа“, да – гледате во Европа како е, таму не можеш да видиш човек без маска на улица, истакна Бојко Борисов, бугарски премиер.

Ситуацијата е влошена и во Србија. Бројките растат , на болничко лекување се речиси пет илјдади заболени. Земјата е веќе во петдневен карантин, но здравствените власти предупредуваат дека ништо не се решава за пет-шест дена, и дека наидува уште пострашен ковид бран. Но, и тука проблемот е што граѓаните не веруваат во ковид.

Сите оние кои имаат нешто против и не веруваат, ги повикувам секој од нив ќе го почекам тука, ќе го внесам во „црвената зона“ да видат како сето тоа изгледа и нека ми кажат после дали постои или не корона, вели Лончар, министер за здравство на Србија.

Клучните ковид болници во Сараево прогласија вонредната состојба. Сараево наликува на Бергамо, јавувија докторите. Капацитетот во универзитетската болница во главниот град се ближи до својот максимум, но властите ги одбија препораките од кризниот штаб за воведување поригорозни мерки. Останува на сила само полицискиот час кој почнува од 23 часот. И Босна чека на донација од вакцини. Медицинските работници се вакцинирани само со една доза, и не се знае дали ќе бидат навремено ревакцинирани.

И во Хрватска е алармантно. За утре е најавено кои мерки ќе се преземат, но властите соопштија дека ќе се однесуваат само на општините со голем број инфицирани. Ситуацијата со ковидот е загрижувачка на Балканот соопшти и СЗО, потенцирајќи дека хоспитализациите и смртните случаи се меѓу највисоките во светот.

Проблемот со достапноста на вакцините дополнително ја влоши ситуацијата. Европската комисија најави дека и покрај тешкотиите со набавката, производството на вакцини се забрзува, и до крајот на јуни се очекуваат 466 милиони дози, кои ќе можат да се распределуваат и на земјите кои не се дел од ЕУ.

 Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе