Македонија

Поради навредливи содржини за Албанците, учебник по географија за средно е повлечен од наставата

МОН го повлече учебникот по Географија за втора година средно образование. Повлекувањето е резултат на рецензијата што ја спроведе стручна Комисија, а ако се укаже потреба во рамките на започнатите реформи во основното и средното образование  ќе се ревидираат и други учебници, најави заменик министерот за образование Шабани.

По минатомесечната прес конференција и палењето на учебникот по Географијата за втора година средно образование пред МОН, од млади подржувачи на партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои рекоа дека со него се пласираат фашистички невистини, од денеска учебникот е повлечен од употреба. Формирана Комисија од членови од МОН, Бирото за развој на образованието и Институтот за географија при ПМФ, изврши рецензија  на учебникот по Географија и ги наведе неточните и навредливи содржини за Албанците, по што од денеска со потпис на министерката Царовска, тој е вон употреба.

  • Таму немаше само невистинити содржини кон другите етнички заедници . Имаше и статистички податоци и оптоварувачки содржини за нивото на учениците од втора година. Значи рецензентската комисија ги има детално прикажано и тие вчера го потпишаа тоа. А, денеска министерката потпиша решение , базирајќи се на рецензијата на комисијата – Арафат Шабани- заменик министер за образование и наука.

Учебникот „ Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование“, е објавен во 2002 година. Негови автори се Драган Василевски, Благоја Маркоски, Никола Панов , Никола В. Димитров и Ѓорѓи Павловски. Како што дознава Телма, спорно за албанската етничка заедница е што на 99 страница во учебникот, Албанците се претставени како исламизирани во турско време , Македонци –староседелци, или дека потекнуваат од Турците, Ромите  и Черкезите. Што на 103 страница, Албанија е претставена како окупаторска во Западна Македонија, во Втората светска војна и дека на 104 страница од учебникот, населувањето на Албанците во Македонија од 1780 година е претствено како насилно и плански со помош на турската власт, а не спонтано. Заменик министерот за образование рече дека до објавувањето нов учебник по Географија, учениците ќе учат од други дидактички содржини што ќе ги добијат од надлежните и дека во рамките на започнатите реформи во основното и средното образование ќе се ревидираат и  други учебници.

  • Одиме да ги ревидираме сите професионални недостатоци што ги има актуелно зашто имаме куп учебници од порано. И можеби ќе се откријат уште други содршини со разни области, вели Шабани.

Лани беше повлечен од употреба, учебник за петто одделение по македонски јазик поради дискриминаторски содржини, потсети Шабани. Во врска со скандалот со откриени плагијати на научни трудови што ги направиле професори од факултетот за Медицина при Тетовскиот универзитет, заменик министерот за образование кажа дека по преставка треба да изврши вонреден надзор Државниот просветен инспекторат и резултатите да ги сподели со јавноста, зашто МОН нема надлежност за тоа.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Дејан Дејан

Јавни седници за жалбите на Нино Васев и Нехат Нухи

Дејан Дејан

Прегазени пешаци на Туристичка во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе