Македонија Најважни

Филипче го разреши директорот на струшката болница, Мухамед Асани

Донесена е одлуката да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен нов директор. Во тек се сите други постапки во однос на активностите и на другите институции коишто беа вклучени во овој случај, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за случајот во струшката болница со родилката од Дебар.

Имено, Филипче покрај одлуката за разрешување на Мухамед Асани, посочи дека донел и одлука да се формира нова комисијата за случајот со родилката од Дебар, на која, како што изјави таа, по породувањето и биле извадени три здрави органи.

– Вчера донесов одлука за формирање на нова комисија. Тоа е законска можност којашто ја има Министерството за здравство. Онаа првата Комисија исто така беше формирана на барање на МЗ, но тогаш преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции и барања коишто ги имаше прво од семејството на родилката, понатаму од неколку институции, како на пример Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов одлука да се формира уште една комисија, која што ќе ја водат директорите на Клиниките на урологија, КАРИЛ, гинекологија, директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат и коишто ќе треба да направат анализа на случајот, наведе Филипче.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе