Вести Македонија

Трите сестрички на детето што загина во пожар сместени во СОС детско село

По вчерашниот пожар во Гостивар во кој животот го загуби 7-годишно дете, кое било врзано со ланци за нозете, денес за неговите три малолетни сестри обезбедено е сместување во соработка со СОС Детско село, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Од таму додаваат дека врз децата нема траги од било каков вид на насилство и истите се во добра психо-физичка состојба.

Од Центарот за социјална работа – Гостивар велат дека досега немало пријави за злоупотреба.

35-годишната мајка, која е задржана во Полициска станица по пожарот под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски, заедно со 4-те малолетни деца и нејзина сестра од Ресен од неодамна се вселиле во станот под наем, а често менувале адреси на живеење. Од Центарот за социјални работи во Ресен велат дека жената во октомври 2018 година дала исказ кај нив дека ќе се пресели во Гостивар, а до тогаш и во овој Центар немало пријави за ова семејство.

Соседите, пак, во зградата на улицата „Кеј Вардар“ велат дека не ги познаваат членовите на ова семејство. Раскажуваат за страотниот пожар кој се случи вчераутро.

Денес заврши и увидот на специјалната екипа на МВР заедно јавниот обвинител, кој треба да покаже која била причинита за избувнувањето на пожарот . Дополнително Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе