Вести Македонија Најважни

Клуге за Телма: Вакцините во Македонија ќе стигнат за неколку недели

Вакцините преку Ковакс системот во Македонија ќе стигнат за неколку недели, вели Ханс Клуге, регионален директор за Европа на Светската здравствена организација  во интервју за Телма. Но тој не кажува конкретен датум, се додека УНИЦЕФ и произведувачот не го договорат транспорот на вакцините. Ханс Клуге вели дека е потребно да се има трпение бидејќи сите земји во светот се соочуваат со недостаток од вакцини. Македонија од КОВАКС системот може да ги очекува вакцините на Астра Зенека, кои Клуге вели дека се ефикасни, и покрај тоа што некои земји привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина, поради несакните ефекти, кои според СЗО се мали во споиредба со целокупното население. Клуге прогнозира дека уште оваа година ќе се справуваме со пандемијата, но за разлика од лани, оваа година ќе моќеме подобро да ја контролираме и менаџираме. Со д-р Ханс Клуге разговараше Сања Васиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе