Култура

Ковид пандемијата ги исфрли на виделина проблемите во домашните библиотеки

Различен степен на воведена информатичката технологија во работата и комуникацијата со читателите, недостаток на е – изданија од лектирите за основните и средни училишта, белетристиката и друга стручна литература и недостаток на информатички вештани и медиумска писменост на вработените, се проблеми за кои алармираат од НУ Библиотека „ Григор Прличев “, од Охрид. Според нив  со вакви проблеми се судираат библиотеките ширум државата, а особено дошле до израз во периодот на пандемијата, потенцираат од охридската библиотека.

  • Во Северна Македонија ретко и на прсти можат да се избројат библиотеките чии веб и фејсбук страници на пример се ажурираат еднаш или повеќе пати во неделата. Истото се однесува и со користењето на видео технологијата, Јутјуб каналите и слично. Треба да се обучат тимови за работа во вакви состојби на епидемија и несакани природни катастрофи, велат од библиотеката „ Григор Приличев“ ,од Охрид.

Од таму информираат дека откако во средината на март 2020 година, со првиот бран заболени од Ковид-19, тие како национална установа, со одлука на Владата на РСМ биле затворени за читателите, но дел од вработените работеле од дома, а дел оделе на работа со ротации. Во тој период ја изработиле новата веб страница https://bibliotekaohrid.mk/, со аудио, видео и печатени  содржини, како и со идните е- книги. Интерактивниот карактер на веб страницата придонел да не се прекине контактот со читателите и другите корисници. Во исто време го вовеле и Кобис системот и новиот начин на регистрација на членовите . Сето тоа им помогнало да се зголеми интересот за читање и позајмување книги. Тоа особено дошло до израз откако библиотеките , па и охридската, од почетокот на јули минатата година, со примена на здравствените протоколи повторно се достапни за јавноста .

  • Точно е дека повеќе се чита оваа година. Читателите земаат лектири, романи, стручна литература. Најверојатно поради пандемијата луѓето не сакаат да се движат, да шетаат, и затоа седат дома и читаат книги. Бројот на читатели е над 3.000, а ги има од 7 до 77 години. Има и многу пензионери кои читаат, буквално доаѓаат со список на книги кои сакаат да ги земат и да ги читаат“,  вели Гордана Змејковска,  директорката на библиотеката „Григор Прличев“.                            „Новото нормално“ трае веќе една година. И не се знае до кога. Тоа треба да ни е поука и поттик да ја развиваме креативноста, но и професионалноста во нашите установи, дополнуваат од охридската библиотека „ Григор Прличев“. .

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе