Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за место во тимот на претстојните квалификациски дуели за пласман на Светското првенство.
Нашата селекција на почетокот од квалификацискиот циклус ќе одигра три натпревари. На 25 март во Букурешт и гостуваме на Романија, три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме репрезентацијата на Лихтенштајн, а на 31 март во Дуизбург ќе се соочиме со Германија.
На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 26 фудбалери, а почетокот на подготовките е закажан за 22 март во Скопје.
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);
ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);
ФОТО: Игор Паневски