Како последица од корона вирус , на 68 годишна возраст, во Белград почина тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ.
Роден во Цетиње- Црна Гора, Ѓуричиќ изгради репрезентативна кариера на музичар на ударни инструменти, кој настапуваше ширум поранешните југословенски простори и пошироко. За Македонија го врзува учеството во групата „Леб и сол“.
Драгољуб Ѓуричиќ беше член и на српската рок груп „ Кербер“, а настапуваше и со Ѓорѓе Балашевиќ, Здравко Чолиќ, но и со други изведувачи од регионот.
Во последниве години Ѓуричиќ настапуваше со неговиот бенд „ Балканска лавина“, составен само од музичари на ударни инструменти.
Нивните енергични настапи насекаде беа третирани како спектакуларни.Ќе остане запаметен како неповторлива, харизматична личност на музичката сцена.
Сотир Трајков