Откупните компании нема да го преземаат тутнот за кои не склучиле догвори со производителите, поради што земјодлеските асоцијаации апелираат, тутнарите да не произведуваат вишоци, за да не се повторуваат проблемите од годинешниот откуп. За пелагониските тутунари тоа е неприфатливо и бараат да останат на истите количини од ланската реколта.
Тутупроизводителите за следната реколта да не произведуваат тутун повеќе од оние колични за кои ќе склучат договори со откупните претпријатија, затоа што нема да им се откупува вишкот на производство, апелираат од Сојузот на земјоделски здруженија и Асоцијацијата на земјодлеци . Годинава откупните компании ќе можат да преземат 21 илјада тони тутун и нема да правт отстапки како за ланската реколта.
-Сите оние кои што сакаат да произведуваат туутн да си направат договори со откупните компании. Во споротивно она што годинава се случува со вишокот, догодина не ќе имаме можноста да ја правдаме сегашната ситуација за откување, вели Петре Стојковски, претседател на асоцијацијата на земјоделци на Македонија.
Тутунарите ќе мора да се преорјентираат во производство на други култури, велат земјоделските здруженија.
-Го повкуваме Министесртвото за земјодлеие да изнајде решение за стимулавција за ново производство во државата, вели Стојковски.
Но тутунарите не се согласуваат да го намалат производството и бараат тоа да изнесува најмалаку колку лани.Велат традиционално, пелагонија е тутунарски крај.
-Не се соглауваме затоа што Македонија 10, 15,20 години Македонија произведувала 25, 26 милиони килограми и тоа производство ние мора да го задржиме. Со 21 милион тутунарите не можат да опстанат. Прилепскиот регион ниту е лозарски, ниту обвоштарски. Прилеп не слуачјно е туттунски регион и тука мора да остани производството, вели Игро Мирчески, претсваник на Иницијативниот одбор на тутунопроизводителите.
Минатата реколта тежеше 23 илјади тони, а надвор од склучените договори со откупните компании беа произведени околу 4000 тони вишок тутун. Тоа создаде низа проблеми при откупот, а компаниите не сакаат да го преземат вишокот. По низа протести, преговори и договори, Министсрството за земјолдество, тутнарите и компании се договорија да биде откупен целиот род, за што минатата недела Собранието го продлолжи законксиот рок за откуп до 31 март за да се дооткупат уште 1500 тони тутун.
Емилија Мисирлиевска