Култура

Издавачите очекуваат подршка, а театарџиите ќе го истражуваат досегашниот модел на подршка од државата

Издавачката куќа „Шкупи“ по втор пат јавно бара подршка од надлежните за објавување на 8 преводни дела и за учество на светски саеми на книги, откако беше одбиена на конкурсот на Министерството за култура. А меѓу театарџиите расте свеста дека досегашниот модел на финансирање на институциите е неодржлив и за таа цел ќе прават истражување.

Подршка за 8  преводи од проектот „ Наградена светска литература“,  и  сретства за учество на престижните саеми на книга во Франкфурт, Истамбул, Софија и Тирана , по втор пат побараа од издавачката куќа „Шкупи“, откако како одбиени на конкурсот за издавачка дејност на Министерството за култура, веќе еднаш јавно се обратија. Тие очекуваат министерката за култура Стефоска, премиерот Заев и вицепремиерот Груби да ја исправат грешката.

  • Не бараме фаворизирање, но исто така не дозволуваме омаловажување за нашата литературна и културан активност. Напротив, бараме од нашите институции да бидат професионално свесни и да ја признаат својата грешка. И овие проекти на соодветен и транспарентен начин да бидат прифатени – Азам Даути- издавачка куќа „ Шкупи“.

И додека издавачите чекаат на подршка од државата, меѓу театарџиите расте свеста дека стариот модел на опстојување и финансирање ќе замине во историјата.

  • Тоа би било многу убаво да може , но тешко дека е одржливо долготрајно и тешко дека може да продолжи да се финансира на овој начин – Јелена Лужина- ГЛОДУР на проектот „ Да се почне одново“.

Во земјава делуваат околу 3500 културни работници од кои половината се вработени во 18 театарски установи , вклучително и НОБ. Можните решенија за трансформација на овие установи ќе се истражуваат во оваа и во следните 2 години низ проектот „ Да се почне одново“, чиј носител ќе биде театарот „ Јордан Хаџи Константинов –Џинот“, од Велес. Истражувањето е подржано од Министерството за култура со 500 илјади денари и ќе започне со инвентаризација, ќе се објавуваат документи, а предвидени се и дебати и работилници. На денешната презентација на програмата за работа за годинава, беше соопштено дека досегашниот в.д. директор Сашо Димоски, на конкурс е избран за директор на ЦК и театар од Велес, со мандат од 4 години.

Сотир Трајков

https://youtu.be/_VkZkQELkHU

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе