Репертоарот на МНТ се поместува за еден час порано, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, донесена денеска ( 9 март 2021 година) , за воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, во следниве 12 дена на територија на цела држава, започнувајќи од утре вечер. Од МНТ информираат дека изведбите на претставите „Кец на десетка“, на 10 март, „Последната лента на Крап“, на 11 март и „Влези не се соблакај“ на 18 март , ќе започнат во 19 часот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.