Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Србија убедлива во дуелот против Македонија

Македонската футсал репрезентација не успеа да направи нова сензација и вториот меч против селекцијата на Србија доживеа убедлив пораз од 6:1.

Нашата селекција одлично го отвори мечот и во деветтата минута поведе со голот на Исмаили. Но, само петнаесетина секунди подоцна Пршиќ од пенал успеа да го израмни резултатот.

Од тој момент Србија доминираше на теренот и до крајот на првото полувреме со погодоците на Петровиќ. Петров и Лазаревиќ стигна до предност од 4:1.

Во продолжението од мечот, селекторот Скендеровски играше со многу ризик и во поголемиот дел во нападот бевме без голман, а тоа противникот успеа да го казни и со головите на Томиќ и Ракиќ стигна до убедлив триумф од 6:1.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе