Македонија Најважни

Граѓани над 70 години се уште чекаат повик или известување за вакцинација

Постарите граѓани оние кои со своите над 70 години влегуваат во првата фаза за вакцинација иако пријавени се уште чекаат повик или известување за да им биде потврдено дека се заинтересирани за вакцинација. Министерот за здравство вели пак дека тие повици и покани ќе се реализираат преку мој термин, но кога ќе има на располагање вакцини.

Најголем дел од работата за постарите пациенти завршија матичните лекари. Преку нив се пријавени 52.352 пациент над 70 години, а дополнителни 8 .600 граѓани од најризичната возраст се пријавиле на интернет. Предлогот на претседателката на здруженитео на приватните матични лекари вели дека сегашното решение ги оптоварува и полесно е да се направи кол центар преку кој ќе оди информирањето, а не преку матичните лекари.

Актуелното решение според имунизацискиот план, матичниот лекар ја закажува вакцинацијата со прва доза, но само на оние кои изразиле интерес. Досега се пријавиле над 128 илјади граѓани (128.521), од кои преку сајтот vakcinacija.mk пријава испратиле 75.900 граѓани.

Од над 170 илјади планирани пациенти со возраст над 70 години, пријавени се 60.959-мина (35,85%). 3.546 медицински лица, меѓу кои и матични лекари досега ја примиле првата доза од Фајзеровата вакцина, а ревакцинацијата на оние што први се имунизираа ќе почне на 11-ти март. За помасовна вакцинација се очекуваат поголемите пратки од Синофарм или Астра зенека вакцините, кои се најавени преку Ковакс механизмот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Mицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа

Дејан Дејан

Влада усвои нова стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Дејан Дејан

Закани упатени до родители на загинатите од Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе