Со гласни извици пред зградата на МВР и транспаренти со пораки високо кренати во воздух – започна осмомартовскиот марш против насилство врз жените.
Со фокус ставен на случајот познат како „Јавна соба“ како најсвеж пример, насобраните протестирачи побараа реакција од институциите.
Симболично им изрекоа пресуда на институциите кои замижуваат пред случаи на малтретирање и заплашување жени и ги прогласија за соучесници во чинот.
Рутата на маршот беше од Министерството за внатрешни до паркот со симболика во името – Жена борец, во центарот на градот.
И таму ги покажаа големиот број различни транспаренти и побараа најстрого казнување на оние кои прават кривично дело и законски измени за да може поефикасно и побрзо да се реагира и да имаат разрешница случаите – наместо предаторите да поминуваат неказнето.
Во однос на ова, министерот за внатрешни работи информираше дека во неговото министерство ќе се формира посебен сектор за подобра меѓуинституционална соработка и поефикасен ланец на комуникација помеѓу надлежните институции за брзо делување.
Ова е досега петти протест поради инертноста на институциите во случаи кога се бараат пријави за вознемирувачи, а со наслов „Држава што не постапува е држава што силува“.
Петар Догов