Вести Македонија

Градскиот превоз во Тетово останува само идеја на хартија

Наместо решавање на сообраќајниот метеж со воведувањето на градски превоз во Тетово, иститот ќе резултира со поголеми гужви и подолго време на патување, сметаат експертите.Градот нема соодветна инфраструктура за таа намена.Сообраќајниот инженер, Зоран Ѓорѓевски, вели дека со автобусите би се возеле лица кои немаат автомобил, што е спротивно на целтана оваа мерка да ги натера луѓето наместо своите автомобили да користат јавен превоз.

Ѓорѓевски, додава дека пред воведувањето на јавен превоз неопходна е сеопфатна анализа, но и дополнителни мерки за целокупно решавање на сообраќајниот метеж

Инаку, се уште не се знае каде ќе биде автобуската станица на ЈП „Тетово транспорт“, нема возачи. Автобусите, пак, се сместени на приватен имот. Возниот ред е утврден, но истиот ќе трпи измени.

Според финансискиот план на претпријатието планирани се приходи во износ од 18 285 825 денари, еднаква сума и на планираните расходи, односно истото на почетокот ќби работело во „позитивна нула“.

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Генералниот секретар на Собранието се уште без одговор за висината на патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Бројот на загинати во нападот врз Киев се искачи на 21 лице

Дејан Дејан

Градоначалникот на Кочани поднесе кривична за угостителски објекти кои работат нелегално

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе