Македонија Најважни

Во недела стигнува пратка со руски вакцини – мал дел од најавените сто илјади

Полни шишиња со раствори за инфузија и други средства, хартија и сите неопходности за една болница веќе беа преместени од зградата на Инфективна во модуларната.

Просториите се подготвени, а до вечер ќе бидат примени и првите пациенти. За ова да се случи, се менува локацијата за вакцинација на здравствените работници.

Се засилува притисокот врз здравствениот систем особено врз главните центри како Инфективна и ГОБ „Осми септември“ и реотворањето на импровизираната болница беше прашање на време поради големиот пораст на нови болни.

На Инфективна во моментов има хоспитализирани од сите возрасни групи.

„Имаме пациенти и млади и стари со различен тип на хронични болести, со различна претходна здравствена состојба пред да бидат инфицирани и тие многу различно знаат да реагираат на инфекцијата со Ковид-19. Оттука зависи и што понатаму и како таа ќе се развива и се разбира – со каков исход ќе биде. За клиничко следење на болните и лекување не ни е од големо значење која варијација на вирус е во прашање, дали има промени или нема – се додека тоа не се однесува на сериозни промени во клиничката слика“ во изјава за Телма вели д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби.

Додека земјава се соочува со нов бран на болеста, надлежните бројат проектирани количини за вакцини. Премиерот најави дека два ипол милиони дози ќе пристигнат во земјава. Според неговите пресметките треба да пристигнат 300 илјади дози повеќе од тоа што е како најавено од страна на здравствените власти – а, разликата е кај кинеските „Синофарм“ и руската „Спутник“.

Во вкупните пресметки ги има вакцините на „Фајзер“ кои се извесни и станува збор за нарачка за којашто го добивме договорот – 800 илјади дози до крајот на годинава. Се очекуваат 833 илјади дози од „Ковакс“ механизмот кој имаше проблеми со функционалноста, а за вакцините од кинеските „Синофарм“ авансот е повлечен, а датум за пристигнување се уште нема.

„Секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините и јас сега ја имам информацијата кога ќе стигнат првите три илјади (од Русија) ама како да ја кажам, ако не стигнат?! Во недела ги очекуваме трите илјади преку DHL да дојдат. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и да ги пуштат и тие во промет, а останатите 97 илјади остануваат за следната недела и неделата после неа. Знаете вчера дека објавија и од Министерството за здравство и јас искоментирав во јавна изјава – 21 илјади вакцини од „Фајзер“ се потврдени до крајот на месецот. Договорот е конечно стигнат после сите прашања коишто нивните правни служби ги поставија и министерот ја кажа и динамиката што е за втор квартал, трет, четврти“ изјави Зоран Заев, претседател на Владата на РС. Македонија.

Во однос на рестрикциите – нема да има нови барем до почетокот на следната недела. Во овие неколку денови, стручните лица за епидемиологија ќе ја следат состојбат и ќе ги анализираат трендовите, а потоа ќе одлучат дали ќе препорачаат нови мерки.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ликвидирал уште еден висок ирански воен офицер

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Управен ја отфрли тужбата на судијата Димовски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе