Во недела пристигнуваат три илјади вакцини од рускиот производител „Спутник“, ова го потврди утринава премиерот Заев.
Во меѓувреме, зголемениот број на заболени од корона вирусот ги наполни болничките капацитети.
Повторно во фунцкија од денеска е ставена модуларната болница на скопската инфективна клиника.
Вакцинацијата која досега се вршеше во модуларната болница од денеска се префрла во вакциналниот пункт во Здравствен Дом во Скопје.
Деталите од нашиот репортер Петар Догов
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.