Вести Македонија

Јово Вангеловски нема да биде гонет за непостапување по службена должност

Нема крививично дело кое обвинителството би го гонело по службена должност во непостапувањето на поранешниот претседател на врховниот суд Јово Вангеловски. Вака одлучило обвинителството кое смета дека тоа што биле пронајдени предмети во фиока по заминувањето на Вангеловски од функцијата не е кривично дело.

Од таму пишуваат дека ова било работа на Судскиот совет која веќе е завршена, а тоа е да биде разрешен од судиската функција.

-Од направените анализи и од наведените проверки произлезе дека констатираните состојби во извештајот и записникот на Врховниот суд на РСМ упатуваат на оценка за нестручно и несовесно вршење на функциите судија и претседател на суд што е во надлежност на Судскиот совет на РСМ. Но, пријавениот претседател на суд веќе бил разрешен од судиската функција по друг основ. Од кривично-правен аспект, пак, обвинителството не утврди дека постојат основи на сомнение дека било извршено кривично дело кое се гони по службена должност, стои во соопштението од скопското обвинителство.

Според обвинителството, известување од Врховниот суд најнапред било испратено до Судскиот совет, кој потоа го препратил до Јавното обвинителство но после направените анализи излегло дека само треба да се провери работата на Вангеловски од аспект на стручност и несовесност а не да се гони кривично. Повикан бил и на распит по што обвинителството ја донело одлуката. Инаку откако Вангеловски беше разрешен неговиот наследник вд претседателот Фаик Арслани извести дека во кабинетот затекнал триесетина постари судски предмети од кои еден во меѓувреме застарел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе