Македонија Најважни

Три доживотни казни затвор, една од 15 и една од 9 години за обвинетите во “Монструм”

Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи денеска обвинетите бегалци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ виновни за тероризам и ги осуди на казни доживотен затвор, додека Агим Исмаиловиќ беше исто така прогласен за виновен за тероризам и исто така беше осуден на доживотен затвор.

Обвинетиот Хаки Азири беше прогласен за виновен и осуден за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело и осуден на единствена казна во траење од 9 години.

Фејзи Аризи беше прогласен за виновен за помагање на сторител по извршено кривично дело и осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години.

За Сами Љута се одбива обвинението поради откажување на јавниот обвинител на обвинението се до завршниот збор.

Ова е пресудата што денес Основниот кривичен суд Скопје ја донесе во повторениот судски процес за случајот „Монструм“.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе