Ковид19 Свет Топ тема

Џонсон: Локдаунот во земјата постепено ќе се ослеснува

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека локдаунот во земјата постепено ќе се ослеснува, односно тоа ќе се одвива во четири чекори со минимум пет недели помеѓу секој чекор.

На 8-ми март сите ученици пстепено се враќаат во училиштата и како и сите студенти. Од учениците во средните училишта ќе се бара да носат маски на час, но така што тие нема да почнат со работа пред 21 јуни.

– Заканата сè уште е присутна, но можеме да преземеме чекори поради успехот на нашето здравство кое вакцинираше повеќе од 17,5 милиони луѓе низ Велика Британија, рече Џонсон.

Што се однесува до Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се дел од Велика Британија, останува на локалните власти да утврдат како и кога да ги ублажат ограничувачките мерки.

На 29-ти март собирите се ограничуваат на најмногу шест лица или две домаќинства. Ќе бидат отворени и спортските објекти како  и тениски терени и кошаркарски терени и базени.

Британците кои можат да работат од дома ќе останат во своите домови додека владата не ги утврди правилата за физичко растојание и употреба на маски на работа, додаде Џонсон.

Не порано од 12-ти април отворени ќе бидат фризерниците, козметичките салони, како и библиотеките и музеите.

На погребите останува ограничувањето за присуство до 30 лица, а свадби со најмногу 15 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Топ тема: Талка ли Македонија во расчекор меѓу стратешкото партнерство и стратешката цел?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе