Вести Македонија Најважни

Обвинителството се сомнева дека некој му помогнал на Мијалков да избега

Обвинителството се сомнева дека некој му помогнал на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков да избега.

Покрај одбраната и обвинителството се жали на одлуката на кривичниот совет кој му определи куќен притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Обивнителствто барало затворски притвор во Шутка , а судот определи куќен притвор. По жалбите треба да одлучи апелација во рок од 48 часа.

Во моментов на распит во полициска станица Пролет во Кисела Вода се членовите на обезбедувањето на Мијалков. А пред нив биле повикани на информативен разговор сопругата и неговиот син.

На 20-ти февруари, обвинителството добило белешка од МВР дека има сознанија оти е можно бегство на Мијалков. Во службената белешка која ја изработила полицијата е наведено дека постојат информации за евентуално бегство на Мијалков кој во петок на 26 Февруари треба да ја чуе пресудата за предметот Таргет Тврдина –за прислучкувањето и уништувањето на опремата.

Во Недела наутро Обвинителите се состанале за да разговараат за одредување на мерка притвор. Тие околу 12.30 часот побарале од Кривичниот Суд дополнителни податоци кои им се потребни во врска со одредување на притворот. Во 14.30 тие упатуваат барање до Кривичниот суд , да му одреди мерка притвор на Мијалков. Во 14 часот Мијалков е во кафулето ,,Дистрикт“  во рамките на хотелот ,,Мериот,, со Ивица Коневски. Во 14.30 тој излегува од хотелот и потоа не е виден.  Во судот се состанува Кривичниот совет кој попладнето носи одлука не за притвор во Истражниот затвор Скопје туку му одредува куќен притвор. ПОлицијата го бара Мијалков но тој не е ниту дома ниту во Мериот. Случајно или не, се поклопува времето кога барањето за притвор стасува до судот и времето на исчезнување на Мијалков.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе