Вести Македонија Најважни

Институциите ја отфрлаат или ја префрлаат одговорноста за бегството на Мијалков

Бегство не е моја опција, тврдеше Сашо Мијалков пред една година пред кривичниот суд. Денес се најде прв на листата бегалци на МВР кои се бараат со национална потерница.

Речиси идентично како и неговиот прв братучет екс премиерот Никола Груевски, им исчезна на органите на прогонот, кога требаше да оди в притвор, домашен. Но сите сега отфрлаат одговорност за тоа како успеаја да го дозволат ова. Денеска само премиерот Зоран Заев со лик излезе пред новинарите после сведочење во суд за друг предмет, Титаник за да каже дека некој мора да одговара. Не кажа кој ама се сави и себе си во можните виновници.

Но останатите набројани молчат. Додека Мијалков вчера ги броел последните часови без притвор, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски се фотографирале во Кочани, заедно биле на работна посета во Пониква. Но денеска министерот не одговори на прашањата на Телма дали чуствува одговорност како министер во чиј мандат се случува четврто бегство на осомничени и обвинети во случаи на СЈО. Од Министерството пак велат дека не можеле да го следат движењето на Мијалков, оти немале налог за тоа. Но законот за полиција го тврди спротивното.

Телма се обиде да контактира и со директорот на АНБ Виктор Димовски, не одговараше ниту на повиците ниту на пораките. Останува неодговорено и прашањето дали нивните служби имале информации за планот на Мијалков. Обвинителството за организиран криминал и корупција добило такви информации ама додека се чекале правните процедури за одредување на притворот Мијалков сепак избега. Ова е четврто мистериозно за властите  исчезнување после она на поранешните началници Горан Грујевски и Никола Бошковски, како и на екс премиерот Никола Груевски. За ниту едно од овие бегства никој не одговараше никогаш, а бегалците после некое време сами разоткрија каде се.

За сега каде е Мијалков никој не знае. нему како обвинет му беше одземен пасошот а требаше и еднаш неделно да се јавува во суд. За сега дури и неговиот фејзбук профил стои празен и не пријавил дали можеби успеал сепак да ги премине границите.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе