Паритски функционери уценувале граѓани да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Им се заканувале дека ќе ја загубат социјалната помош, и нема да добиваат дозвола за сеча на шума. На овие изборни уцени сведок бил и тогашаниот носител на Изборната единица 4 Зоран Заев. Се слушнал со неговиот политички соперник Никола Груевски и побарал да запрат уцените, но и прислушкувањето кое се вршеле врз него. Добил – негативен одговор.
Тој кажа дека „УЈП, Пазарна инспекција, Финансиска полиција и други вршеле притисок врз правните субјекти за да докажат дека гласале за ВМРО-ДПМНЕ. На прашање на одбраната дали ги пријавиле наведените случаи, Заев одговори дека околу 150 пријави во тоа време ги доставиле до надлежните институции, ДИК, обвинителства, министерства, но, како што рече, „никој ниту постапил, ниту реагирал по однос на тие пријави“. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, и 14 други поранeшни пaртиски и владини функционери дека сотриле повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања за време на изборите во 2014-та година.
Павле Беловски