Македонија

Заев на „Титаник“: Центрите за социјална помош во 2014 година биле злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ за изборни цели

Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје, збореше за неговите сознанија за изборните нерегуларности во 2014 година вршени од тогашната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ.

Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и ги закануваа примателите на социјална помош дека доколку не гласат за партијата на власт социјалната помош ќе им биде прекината. Шумската полиција правеше притисок на луѓето кој имаа договори за сеча дека доколку не гласат за ВМРО-ДПМНЕ, договорите за сеча ќе им бидат укинати, изјави сведокот Заев.

Тој посочи дека сите нивни реакции се достапни на интернет, односно истакна дека и УЈП, Пазарна инспекција, Финансиска полиција и други вршеле притисок врз правните субјекти за да тие точно докажат дека гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Заев, исто така рече дека за сите овие забелешки на опозицијата го информирал тогашниот претседател на владата Никола Груевски (обвинет во ,,Титаник”), но тој ниту јавно не реагирал.

На прашање на бранител на одбраната дали сте ги пријавиле наведените случаи, тој рече дека околу 150 пријави во тоа време ги доставиле до надлежните институции (ДИК, обвинителства, до министерства), но според него никој ништо не постапил, ниту некој реагирал по однос на тие пријави.

Во 2014 година во Македонија беа одржани две изборни процеси, односно предвремени парламентарни избори за и избори за претседател на државата.

Судењето за предметот „Титаник” го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува Лиле Стефанова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за 53 годишен Велешанец, осомничен дека продавал кокаин

Дејан Дејан

Аврамовски: Институциите имаат сериозен проблем со планирањето за исполнување на реформската агенда

Дејан Дејан

Внука со нож се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе