Скелињата се наместени, работници врват на сите страни. И покрај работната атмосфера, опожарениот дел на Глобал е неверојатно мрачен. Најголемиот дел од отпадот е изнесен, но таму постојано се создава нов смет со текот на градежните работи. Работниците коишто ги затекнавме, велат дека работата оди добро.
Трговскиот центар се опожари пред месец иполовина, на 2-ри јануари. Глобал ќе се враќа во живот со заеднички акции на општински и државни институции, сопствениците на дуќаните но и фирми коишто се понудиле да помогнат.
Половина од трговскиот не беше опожарен, но и таму имаше штети од чадот и гасењето. Овој дел и физички е одделен од изгорениот и веќе е во функција.
Сузана Мицева