Ковид19 Македонија Најважни

Балевски: Постои превид во вакцинирањето, но се работи за лице кое активно е вклучено во справувањето со коронавирусот

Директорот на Општата болница во Охрид Горан Балевски признава дека имало пропуст во списокот лица вакцинирани против Ковид-19, но сепак смета оти се работи за изолиран случај, конкретно за лице активно вклучено во секојдневните активности за спречување на ширењето на заразата.

Тој не ја апстрахира својата одговорност по однос пропустот што неговиот потпис стои на списокот лица за вакцинација, но истовремено рече дека се работи за список на кој има повеќе од сто лица.

Балевски во изјавата за МИА рече дека од Министерството за здравство им било дадено овластување сами да ги прават списоците за вакцинација, здравствените работници сами да се пријавуваат за вакцинирање, со нагласок дека сепак приоритет има медицинскиот персонал.

– Овде не се работи за лице од медицинската служба, станува збор за организациски секретар во болницата, но лице што е активно вклучено во сите активности поврзани и со епидемијата. Ние имаме служби што не се медицински во болницата, а во овие услови се исклучително потребни за секојдневното работење на установата, некои технички служби се дури и неопходни за нормално функционирање на болницата во вакви ненормални  услови, вели Балевски.

Тој уште појасни дека лицето се пријавило за вакцинирање откако од списокот првопријавени испаднале неколку здравствени работници кај кои имало регистрирани антитела односно биле позитивни на Ковид-19.

Од Министерството за здравство со осуда на злоупотребата и прекршувањето на приоритетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.

„Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата што во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во ковид-центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира. Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани“, се наведува во соопштението испратено од Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе