Министерот Филипче ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.
,,Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира“, соопшти Министертвото за здравство.
Листите за вакцинација биле доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и според Министерот истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани.
Реакцијата на Филипче следува откако медиумите објавија дека секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник.