Македонија Најважни

Заев: Ако нарачаме вакцини од Спутник, па АстраЗенека, па Фрајзер ќе имаме 5 милиони вакцини

Премиерот Зоран Заев изјави дека државата нарачала вакцини колку што се потребни за колективна имунизација, одговарајќи на новинарско прашање зошто претходно изјавил дека „нема да нарачаме вакцини од Русија за да не правиме залихи“, а кога во земјава нема вакцини?

-Не се работи за тоа да правиме залихи или не. Ние сме нарачале толку колку што здравствената комисија кажува по нивна проценка дека е доволно за да се постигне колективна имунизација. Така да дефинитивно сме направиле чекори, сме потпишале договори, некаде сме платиле аванс, сме ги обезбедиле тие количини. Ако продолжиме да порачаме од Спутник, следна АстраЗенека, па нови количини од Фрајзер… ќе се затекнеме да имаме 5 милиони вакцини во државата, а тоа е недозволиво заради наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори, толку колку што сме имале потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните. Ако се откаже дел од нарачката, тогаш сигурно следни ќе бидат Спутник вакцините, истакна денеска премиерот Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грчките цени на црешите, јагодите и дел од зеленчукот се пониски од македонските

Дејан Дејан

Струмичкиот бизнисмен Крмзов доби 30 дена притвор

Дејан Дејан

Завршува учебната година, учениците заминуваат на летен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе