Бараат консензус за измени а никој не отстапува од своите барања. Преговорите за Изборниот Законик уште непочнати наидоа на спротиставени ставови кај најголемите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ инсистира градоначалниците да се бираат во еден изборен круг, СДСМ сака во два. Нема ниту правно решение за набавка на опрема за фингер принт.
Само со консензус ќе се пристапи кон измени на Изборниот Законик. Без правно решение не може да отпочне ниту тендерската процедура за набавка на опрема за отисоци од прст. МВР кое располага со базата на податоци нема законско овластување да и даде вакви податоци на ДИК. СДСМ се залага за една изборна единица но не се согласува со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот да се бира во прв изборен круг.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата да има изборен праг а градоначалниците да се бираат во прв круг.
ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со локалните да се организираат и предвремени парламентарни избори.На партиите им останува еден месец за договор.Доколку се согласат да се пристапи коон измени ова ќе биде 36-та промена на Изборниот законик.
Јулијана Пешевска