Македонија

Ќе се собираат потписи за одложување на пописот

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата да издејствува одложување на пописот. Од утре, иницира собирање граѓански потписи, кои потоа ќе ги достави до Собранието со предлог за поништување на Законот за попис во април годинава. За да достават ваков предлог, не е неопходно да соберат 10 илјади потписи бидејќи имаат пратеничка група, но неопходно е да го употребат уставното име на државата.

Од утре па во наредните 20-тина дена, граѓаните кои се согласуваат со ВМРО-ДПМНЕ дека не треба да има попис во април годинава, можат да го доверат и својот личен потпис. Најголемата опозициска партија стартува кампања за собирање потписи за одложување на пописот за една година, односно за поништување на Законот според кој, Пописот на населението и домаќинствата треба да почне за 40-тина дена.

Според законот, потписите не можат да се искористат за поднесување предлог закон во Собранието, затоа што нема да бидат собрани во подрачните одделенија на ДИК. Тие останаа затворени за оваа иницијатива бидејќи придавката „северна“ во името на државата беше пречкртано со црвена боја, или, што би рекол спикерот Талат Џафери, не била доставена до надлежниот државен орган. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат право и без граѓански потписи да предлагаат закони, но повторно ќе треба да го почитуваат уставното име, а и да обезбедат мнозинство пратеници кои би  изгласале нов термин за попишување. Државата не одржала попис цели 19 години.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе