Лични карти по македонски или по европски терк. Предлогот за вметнување на етничката припадност во личните карти освен со 1.200 амандмани во Собранието, денеска доби жолт картон и од Европската унија. Според европската регулатива впишувањето на етничка припадност во лични документи е забрането, што денеска на властите во Македонија како земја која очекува старт на преговори за членство во Унијата и го соопшти лично евроамбасадорот, Дејвид Гир.
„Стандардите, релевантната легислатива во ЕУ е регулативата за Генерална заштита на податоците во ЕУ и таа забранува процесуирање на лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политичко, религиозно или други убедувања како и други прашања”, изјави Гир.
Гир ја пофали земјава дека досега правеше добро усогласување на националното со европското законодавство и стандарди и ја охрабри да продолжи по тој пат, потсетувајќи ја отитоа ќе бидат првите области кои ќе бидат проценувани кога ќе стартуваат длабинските преговори на Макеоднија со Унијата.
Пред Европската унија јасно да го искаже својот став за впишување на етничка припадност во личните карти, ова беше едно од ретките прашања по кои власта и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се согласија. Опозицијата гласањето за измените на законот за личните карти единствено го услови со тоа да не се прави промена на името „Македонија“ во „Северна Македдонија“, додека според ВМРО-ДПМНЕ впишувањето на етничката припадност ќе го зачувало националното достоинство. Мицкоски дури изјави дека инсистира на етничка припадност во личните карти и му забележи на премиерот Заев дека го блокира носењето на измените бидејќи имало забелешки на зимените од соседна земја. Заев денеска призна дека со грчкиот амбасадор во земјава разговарал за личните акрти, но оти немало забелешки не само од него, туку од никого.
„Немам јас такво предупредување, нуту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Нормално политичката партија БЕСА, имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација. Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината. Така што нема никакво предупредување поради тоа што се работи за идентитетски прашања“, изјави Заев.
Но предупредувањето од Гир во име на Европската унија покажува дека сепак има забелешки на измените кои ги предложи БЕСА.
Дополнително во Европската унија од август годинава почнува да се применува регулативата со која се воведуваат правила за личните карти на ниво на цела Унија. Регулативата е усвоена пред две години и со неа се предвидува тие да бидат унифицирани, со формат на кредитни картички, да можат електонски да се читаат, ќе содржат фотографија и два отисоци од прсти, како и чип, но и минимум информации кои треба да ги содржиз аимателот, но не и етничата припадност.
Тамара Грнчароска