Од амбасадата на Грција во Скопје во врска со законските измени за личните карти, за Телма одговорија дека Грција очекува целосно и доследно и во добра волја да се спроведе Договорот од Преспа, кој исто така е суштински дел од процесот за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Би сакале да ја искористиме приликата да посочиме на членот 1, став 3 б од Договорот во кој се наведува – националноста на втората страна, во случајот Северна Македонија, треба да гласи „Македонско/ граѓанин на Република Северна Македонија“ и тоа треба да биде забележано во сите патни документи, се вели во одговорот од грчката амбасада, која не ја коментира средбата на оваа тема на која се повикува партијата Беса.