Култура

Новоизбраниот директор на ЦК во Струмица не ги исполнувал условите на конкурсот

Бил избран на конкурсот, без да ги исполнува сите условите, реагираат актерите од ЦК во Струмица, за назначениот нов генерален директор. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, тие ги добиле документите кои Васил Бубев, по професија професор по физичка култура, ги приложил на конкурсот на Министерството за култура. Од нив се гледа дека тој во пријавата за конкурсот, испратена на 15 декември не поседува доказ за признат културен работник. По завршување на конкурсот, велат актерите, на 29.декември комисијата која го врши изборот преку допис го известила Бубев да го достави дополнителниот документ во рок од три дена, а на 11 јануари тој го поднел. Актерите сметаат дека комисијата фаворизирала кандидат за сметка на два други кои се одбиени.

Што ја натерало комисијата за селекција на кандидати да ги прекрши условите на конкурсот и само од веќе избраниот кандидат да побара дополнителни докази и истиот да го повика на интервју, за потоа да го назначи и за генерален директор?, прашуваат од Иницијативата „Култура или Фис- култура“.

Бубев  го докажал своето културно работење како кореограф преку приложени договори за соработка со балетското студио „Газели“ ,  докажал дека училиштето „ Гоце Делчев “ од општината Василево , каде што бил директор добивало плакети и дипломи за учество на Струмичкиот карневал. А, приложил и благодарница за општината,  за учество на културната манифестација „ Денови на празот“.

Изборот на Бубев за директор е по партиски клуч, сметаат актерите. Тие одржаа две средби со министерката за култура, на кои, како што велат, таа инсистирала на формално- правните аспекти на конкурсот, сосема занемарувајќи ја суштината на проблемот и нивното незадоволство. Затоа актерите испратиле преставка до ДКСК, а најавуваат и други мерки доколку институциите и понатаму останат глуви.

Од Министерството за култура велат дека постапката при избор на директор дозволува можност, комисијата да побара од одреден кандидат, покрај основниот доказ, доколку има некакво  сомневање и дополнителни документи кои би ја дообјасниле фактичката состојба.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе