Денеска на терените на Тренинг центарот Петар Милошевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го одржа првиот тренинг со фудбалерите кои ги повика на мини кампот во Скопје.
Предводникот на националниот тим на располагање има играчи кои настапуваат во домашното првенство, но на собирот се наоѓаат и неколку фудбалери кои играат во странство.
Целта на кампот е да се скенира потенцијалот на фудбалерите кои би можеле да и се приклучат на репрезентацијата која во следниов период ја очекуваат настапи во квалификациите за Светското првенство како и историскиот настап на Европскиот шампионат.
ФОТО: Игор Паневски