Монопол на фолкорот е оценката на повеќе ансамбли за новата предлог „Категоризација на ансамбли, култрно-уметнички друштва, фестивали, манифестации и семинари со фолклорна содржина во Република Северна Македонија “која е доставена до Владата и до Министерството за култура. За Благоја Јовановски кој е уметнички раководител над 30 години на Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ ваквата категоризација е дискутабилна поради неколку причини, меѓу нив секако и недостигот на стручни и искусни профили кои би ја конципирале таа категоризација.
- Одредена група на етнокореолози во Македонија кои сакаат да наметнат една своја програма и монополизација на фолклорот во Македонија. Тие да бидат во секое културно- уметничко друштво или здружение на граѓани, да бидат присутни, да ни ја креираат програмата. Без нивната креација и нивниот предлог да не може ниту една програма да помине и во здруженијата и во Министерството за култура и во општините од каде ние црпиме одредени средства за да можеме да егзистираме
Според Арсов за функционирањето на оваа категоризација е клучно да ги вратиме инстутуциите со функционалноста на фолклорната дејност, здружениијата и приватните ансамбли и културни уметнички друштва и токму тоа го иницирало Здружението на етнокореолози за ваква категоризација.
- Во самата категоризација имаме колеги магистри кои што се магистер по етнолошки и антрополошки науки, колега магистер по фолклористика кој вклучува етнолошки и етномузиколошки науки и од самите центри за култура ние имаме и директор кој што по професија е етнолог. Секако ќе ги вклучиме најрелевантните институции …
Според Арсов сите здруженија и ансамбли ја имаат добиено категоризацијата и имаат рок да ги достават своите забелешки и сугестии до надлежните институции до 22 февруари.
Нина Стефанова