Вести Култура

Ансамблите обвинуваат за монопол на фолклорот

Монопол на фолкорот е оценката на повеќе ансамбли за новата предлог „Категоризација на ансамбли, култрно-уметнички друштва, фестивали, манифестации и семинари со фолклорна содржина во Република Северна Македонија “која е  доставена до Владата и до Министерството за култура. За Благоја Јовановски кој е уметнички раководител над 30 години на Академско културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ ваквата категоризација е дискутабилна поради неколку причини, меѓу нив секако и недостигот на стручни и искусни профили кои би ја конципирале таа категоризација.

  • Одредена група на етнокореолози во Македонија  кои сакаат да наметнат една своја програма и  монополизација на фолклорот во  Македонија. Тие да бидат во секое културно- уметничко друштво  или здружение на граѓани, да бидат присутни, да ни ја креираат програмата. Без нивната креација и нивниот предлог да не може ниту една програма да помине и во здруженијата и во Министерството за култура и во општините од каде ние црпиме одредени средства за да можеме да егзистираме

Според Арсов за функционирањето на оваа категоризација е клучно да ги вратиме инстутуциите со функционалноста на фолклорната дејност, здружениијата и приватните ансамбли и културни уметнички друштва  и токму тоа го иницирало Здружението на етнокореолози  за ваква категоризација.

  • Во самата категоризација имаме колеги магистри кои што се магистер по етнолошки и антрополошки науки, колега магистер по фолклористика кој вклучува етнолошки и етномузиколошки науки и од самите центри за култура ние имаме и директор кој што по професија е етнолог. Секако ќе ги вклучиме најрелевантните институции …

Според Арсов сите здруженија и ансамбли ја имаат добиено категоризацијата и имаат рок да ги достават своите забелешки и сугестии до надлежните институции до 22 февруари.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе