Поради обилните врнежи од снег на територијата на целата земја Комисијата на натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука петте натпревари од 19. коло кои денеска беа на програмата се одложени и ќе се одиграат на 21 овој месец.
Денеска требаше да се играат мечевите Вардар – Пелистер, Ренова – Беласица, Силекс – Шкендија и Струга – Македонија ЃП, а почетокот беше закажан за 14 часот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.