Италијанските медиуми најавуваат дека судбината на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо зависи од епилогот на утрешното дерби против Јувентус.
Неофицијално првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис му соопштил на Гатузо дека доколку Наполи не успее да ја совлада Старата дама тогаш тој ќе добие отказ.
Како најсериозен кандидат за можен наследник на Гатузо се споменува Рафаел Бенитез кој во моментов е без ангажман, а во конкуренција се уште Роберто Де Ѕерби, Иван Јуриќ и Виченцо Италијано.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.